Дома Фудбал Никогаш нема да погодите во кој спорт Пол Погба вложи пари

Никогаш нема да погодите во кој спорт Пол Погба вложи пари

Пол Погба неодамна се врати на терен по суспензијата што ја доби поради допинг, а сега одлучи да вложи во еден необичен и не толку популарен спорт.

Поранешниот француски репрезентативец сè уште е главната тема каде и да се појави. Погба остави голем впечаток и се смета за еден од оние играчи кои можеле да бидат меѓу најдобрите кои ја играле оваа игра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Повторно, Погба привлече внимание, но поради новата работа со која реши да се зафати.

Францускиот фудбалер и сегашен везист на Монако стана сосопственик на екипата која се занимава со трки со камили во Саудиска Арабија, Ал Хабоба.

Погба тоа го објави на социјалните мрежи и останува само прашањето од каде таква одлука. Иако, веќе може да се претпостави, имајќи предвид дека станува збор за Саудиска Арабија…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета за големата победа: Имавме храброст кога беше најтешко и затоа бевме наградени!

Микел Артета ја изрази својата душа по вчерашната победа на Арсенал, а еве како ја гледа т…