Дома Фудбал Останато Пандев е убеден дека Интер бил оштетен против Ливерпул!

Пандев е убеден дека Интер бил оштетен против Ливерпул!

Интер запиша втор пораз по ред во Лигата на шампионите, овојпат пред својата публика на „Џузепе Меаца“, откако Ливерпул славеше со минимални 0-1. Единствениот гол беше резултат на пенал, досуден по стартот на Алесандро Бастони врз Флориан Вирц.

Судијата Феликс Цвајер, по консултација со ВАР, покажа на белата точка, потег кој предизвика жестоки реакции и бројни анализи, особено поради ситуацијата во која Вирџил ван Дајк играше со рака по ударот на Маркус Турам.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Еден од аналитичарите на „Скај Спортс“ за ова коло, легендата на Интер и македонскиот фудбал, Горан Пандев, ги сподели своите впечатоци од натпреварот.

„Интер немаше среќа, не заслужи да загуби по вакво издание. Но, ова е Лигата на шампионите – судијата проценува и одлуката останува, иако резултатот е неправеден. За мене, ситуацијата со Ван Дајк беше чист пенал. Судијата не реагираше, комуницираше со ВАР, анализираа, но на крајот нема промена. Интер беше и ослабен поради повреди… дефинитивно не заслужија пораз“, истакна Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Родителите ја напуштиле, била малтретирана и останала без нозе, сега заработува милиони и целиот свет ѝ се восхитува

Ова е еден од најемотивните моменти на Параолимписките зимски игри во Милано и Кортина! Ок…