
Фудбалерот на Баерн, Ленарт Карл, стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал гол на три последователни натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Карл е роден на 22 февруари 2008 година и игра на позиции офанзивен играч од средината и крило.
Својот дебитантски настап во Лигата на шампионите го имаше против Пафос порано оваа сезона.
Овој баварски мегаталент веќе постигна погодоци на претходните натпревари во Лигата на шампионите против Клуб Бриж и Арсенал.
Повторно се запиша во листата на стрелците – против Спортинг од Лисабон.
Карл го доведе Баерн во водство од 2:1, откако претходно губеа, и со тоа постави рекорд.
Пред него, ниту еден играч не успеал да постигне три гола во само четири одиграни натпревари.