Дома Фудбал Габриел Жезус е подготвен да се врати по 332 дена надвор од терените

Габриел Жезус е подготвен да се врати по 332 дена надвор од терените

Габриел Жезус може да го одигра својот прв натпревар за Арсенал по пауза од 332 дена, откако патуваше со своите соиграчи до Белгија за мечот од основната фаза во Лигата на шампионите против Бриж.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Жезус е надвор од игра, откако ја скина предната вкрстена врска на левото колено при поразот на “топчиите” против Манчестер Јунајтед во меч од третото коло на ФА Купот на 12 јануари.

Од лондонскиот клуб потврдија дека 28-годишниот напаѓач веќе е регистриран во составот за натпреварите од Лигата на шампионите. Тој го зазема местото на Макс Дауман, кој се здобил со повреда на зглобот, играјќи за Арсенал до 21 година минатиот викенд.

Бразилецот Жезус беше неискористена резерва при ремито 1:1 на Арсенал со Челси минатиот месец и при следната домашна победа со 2:0 над Брентфорд во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран на Светското првенство ќе игра без навивачи

Иранската фудбалска федерација објави во вторникот дека им е одземена распределбата на вле…