Дома Фудбал Серхио Рамос доаѓа во Серија А, но не во Милан!

Серхио Рамос доаѓа во Серија А, но не во Милан!

Серхио Рамос сака да игра на СП 2026 година, а за тоа му е потребна континуирана игра на врвно ниво.

Одличниот шпански дефанзивец моментално е во Монтереј, но за време на паузата има право да потпише за некој клуб, а тој сака да се врати во Европа и да игра на највисоко ниво.

Иако изгледаше како готова работа неговото доаѓање во Милан, благодарение на Лука Модриќ, сега во приказната е вклучен Интер.

Оддамна е познато дека е само прашање на време кога Ачерби и де Врај ќе го напуштат клубот, па Рамос е идеално решение за испразнетото место во одбраната на “неразурите”.

Да потсетиме, Рамос во кариерата настапуваше за Севиља, Реал Мадрид, ПСЖ и споменатиот Монтереј. Слободен играч е официјално од 1 јануари 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зошто повредата на Мбапе е лоша работа за Франција, но добра за Реал Мадрид?

Реал Мадрид доби загрижувачки вести за време на репрезентативната пауза откако Килијан Мба…