Дома Фудбал Алонсо одговори на прашањето дали сака да го преземе Ливерпул

Алонсо одговори на прашањето дали сака да го преземе Ливерпул

Колку се нестабилни позициите и на Арне Слот и на Чаби Алонсо потврдува и фактот дека Шпанецот денес пред натпреварот со Манчестер сити мораше да одговори на прашањето за преземање на Ливерпул.

Алонсо ја подготвува екипата за дуел со Манчестер сити, кој би можел да му ја одреди иднината во мадридскиот клуб, исто како што и статусот на Слот зависи од вечерното гостување на “Џузепе Меаца”.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Не е тајна дека Алонсо беше голема желба на Ливерпул да биде наследник на Јирген Клоп, па не е изненадување што го прашаа за тоа.

“Ливерпул е мојот идниот клуб? Во овој момент, јас сум тука каде што сакам да бидам”, кратко одговори Ќаби Алонсо.

Ова не беше единственото прашање за Ливерпул, бидејќи новинарите го прашаа за одлуката на клубот да го отстрани Мохамед Салах и дали можеби така треба да го отстрани Винисиус кога го изгуби разумот поради замената на “Ел Класико”.

“Ливерпул ги носи своите одлуки така како што смета дека е најдобро”, дипломатски одговори Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси пристигна во Колумбија и предизвика вистински хаос (Видео)

Лионел Меси уште еднаш го докажа својот статус како светска суперѕвезда. Стотици обожавате…