Дома Останати Ракомет Се појави фаворит за наследник на Гарбаја: Во Битола пристигнува поранешниот селектор на Словенија?!

Се појави фаворит за наследник на Гарбаја: Во Битола пристигнува поранешниот селектор на Словенија?!

Екипата на Пелистер остана без тренер откако Рубен Гарабаја си поднесе оставка по серијата слаби резултати, а јавноста веќе шпекулира со неговиот можен наследник.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најсериозен кандидат за кормилото на битолскиот клуб е поранешниот селектор на Словенија, искусниот 58-годишен Борис Дениќ. Станува збор за стратег со богато искуство и силно реноме, кој моментално работи како советник за развој во Слован, клуб каде што во минатото ја извршуваше и тренерската функција пред доаѓањето на Урош Зорман.

Од Пелистер најавија дека новиот тренер ќе биде назначен по крајот на есенскиот дел од сезоната. До тогаш, тимот ќе го води спортскиот директор Звонко Шундовски, кој ќе ја заврши полусезоната на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер потпиша со млад хрватски репрезентативец!

Екипата на Еурофарм Пелистер продолжува да го гради тимот за иднината, откако ги обезбеди …