Дома Фудбал Премиер лигата ги шокираше фудбалерите: Од 1 јануари на сила стапува правило кое нема да им допадне!

Премиер лигата ги шокираше фудбалерите: Од 1 јануари на сила стапува правило кое нема да им допадне!

Англиската Премиер Лига ја донесе одлуката за забрана на лизгање на колената по постигнат гол, со која мерка ќе почне да се применува од 1 јануари.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од овој датум, секој фудбалер кој ќе се одлучи за оваа форма на славје ќе се соочи со жолт картон, без разлика на контекстот на натпреварот. Оваа одлука е донесена поради зголемените предупредувања од страна на докторите и физиотерапевтите за потенцијални повреди, вклучувајќи рани од трева, истегнувања на лигаменти, проблеми со зглобовите и можни повреди на колената.

Иако лизгањето на колениците со години се сметаше за заштитен знак на големите погодоци и емотивни моменти, раководството на лигата оцени дека здравјето на играчите е поважно од атрактивноста на прославата.

Посебно загрижува тоа што современите тревници често се потврди, а интензитетот на натпреварите е поголем од кога било.

Оваа одлука сигурно ќе предизвика бројни реакции – како меѓу фудбалерите, така и кај навивачите кои со генерации се навикнати на ваквите сцени по головите.

Едно е јасно: од новата година, славењето на головите во Англија ќе се менува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед подготвува сериозен преоден рок – 50.000.000 за Ромеро плус 100.000.000 за друг фудбалер

Денеска англиските медиуми објавуваат приказна за интересот на Манчестер јунајтед за Крист…