Дома Фудбал Нејмар со „уништена нога“ направи чудо (Видео)

Нејмар со „уништена нога“ направи чудо (Видео)

Бразилската ѕвезда Нејмар направи чудо со Сантос. Дојде како спасител за паднатиот великан и го задржа во друштвото на најдобрите.

Сантос цела сезона се бореше со исфрлање од бразилската Серија А. Нејмар дојде таму за да го спаси својот сакан клуб и успеа во тоа, а на крај со победата против Крузеиро во последното коло (3-0) бразилскиот великан успеа да стигне и до позиција која води во Копа Судамерикана. Завршија како 12-ти.

Нејмар блескаше во последните неколку натпревари. Сантос ги газеше сите пред себе, а фудбалскиот велемајстор имаше клучна улога со голови и асистенции.

По последниот свиреж на судијата, целиот стадион му се поклони. Го извикуваа неговото име и бараа да остане во клубот.

Сепак, 33-годишникот уште не е сигурен што ќе направи. Со останување и вакви настапи му се отвораат вратите на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн по две години ја загуби доминацијата, во Бундеслигата конечно се случи невозможно

Фудбалерите на Минхенскиот Баерн повеќе не се на врвот на Бундеслигата, со што беше прекин…