Дома Останати Кошарка Дончиќ одигра неверојатен натпревар, Јокиќ беше на чекор од нов трипл-дабл (Видео)

Дончиќ одигра неверојатен натпревар, Јокиќ беше на чекор од нов трипл-дабл (Видео)

Словенецот Лука Дончиќ одигра фантастичен натпревар во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Филаделфија со резултат 112:108.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најимпресивниот играч на екипата од Лос Анџелес беше со трипл-дабл учинок, постигнувајќи 31 поен со 15 скокови и 11 асистенции. Го следеше Леброн Џејмс со 29 поени, седум скокови и шест асистенции. Хачимура придонесе со 17 поени и шест скокови, Ајтон постигна 14 поени со 12 скокови и две асистенции, додека и Ривс се издвојуваше со 11 поени, и по четири скокови и асистенции.

Кај 76ерс најефикасен беше Мекси со 28 поени, девет асистенции и седум скокови, а Ембид додаде 16 поени со седум скокови и две асистенции. Еџкомб го заврши натпреварот со 15 поени, пет скокови и три асистенции, додека Џорџ постигна 12 поени, шест скокови и три асистенции, а Драмонд заврши двоцифрен со 11 поени и 12 скокови.

Денвер славеше на гостински терен во натпреварот против Шарлот со резултат 115:106, а до победата ги предводеше Мари со 34 поени, пет асистенции и три скокови.

Никола Јокиќ постигна 28 поени со 11 асистенции и девет скокови, а Хардауе придонесе со 14 поени и две асистенции. Во редовите на Денвер, Вотсон заврши со десет поени и осум скокови.

На спротивната страна, Бриџис забележа 24 поени со девет скокови и осум асистенции, додека Милер придонесе со 17 поени и по пет скокови и асистенции. Симпсон го заврши натпреварот со 16 поени и пет скокови, а Кнеупел добави 14 поени со по четири скокови и асистенции. Макнили додаде 13 поени, четири скокови и две асистенции.

Од останатите резултати, Њујорк го победи Орландо со 106:100, а најдобриот играч на Магик, Франц Вагнер, доживеа сериозна повреда на левата нога и се очекува подолг период на опоравување согласно првичните проценки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…