Дома Фудбал ПОНУДА ШТО НЕ СЕ ОДБИВА: Лаутаро Мартинез го напушта Интер?

ПОНУДА ШТО НЕ СЕ ОДБИВА: Лаутаро Мартинез го напушта Интер?

Лаутаро Мартинез е без сомнение еден од најдобрите играчи на Интер во историјата на клубот.

Аргентинецот е и капитен на „нероазурите“ и идол на навивачите на тимот од градот на модата.

Оваа сезона на 22 натпревари постигнал 13 гола.

Во одлична форма е, поради тоа и неговата цена според процените на стручњаците е околу 85 милиони евра.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Барселона сериозно е заинтересирана и го сака во својот тим како замена за Роберт Левандовски кој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.

Барса се откажа од Алварез од Атлетико Мадрид, се спомнуваше и Влаховиќ, но сега фокусот е на напаѓачот на Интер.

Управата на „нероазурите“ чека понуда, а дали ќе ја прифати или одбие останува да видиме.

Мартинез дојде во Интер летото 2017 година од аргентинскиот Расинг за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Екс-претседател на Сити удри по својот поранешен клуб: Ја исмејуваат целата Премиер лига!

Поранешниот претседател на Манчестер Сити, Дејвид Бернстин, не го штеди клубот што некогаш…