Дома Фудбал Артета во јануари ќе оди “all in” и ќе донесе шокантно засилување од 45 милиони евра!

Артета во јануари ќе оди “all in” и ќе донесе шокантно засилување од 45 милиони евра!

Топџиите се подготвени во јануари да понудат 45 милиони евра за играч кој тешко ќе им помогне во борбата за титулата, но Артета и Берта сакаат играч сличен на Килијан Мбапе.

Арсенал е тим со најдобра ротација, можеби и во светот, а ако многу трошат во јануари, би било логично да донесат играч кој веднаш може да биде дел од првиот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, според странските медиуми, Арсенал сака да купи скап тинејџер кој многу тешко веднаш ќе помогне на екипата во борба за титула во Премиер лигата.

Наводно, Артета и Берта одлучиле во јануари да го донесат шокантното засилување од 45 милиони евра, и тоа е Ајоби Боуадиа од Лил.

Младиот централен играч за врска е многу добар фудбалер, но на 18 години е тешко да се верува дека веднаш може да добие шанса во првиот тим на Арсенал.

Сепак, Топџиите многу размислуваат за него, а за да избегнат конкуренција пред сè од Челзи, Берта и Артета сакаат веднаш да реагираат.

Контактот со агентите на Боуадиа е веќе воспоставен, а понудата од 45 милиони евра треба да биде прифатена од Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино призна: Не требаше да ја исфрлиме Русија

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека било грешка што рускиот фудбал беше исф…