Дома Фудбал Не е крај на приказната: Нејмар сè уште има надеж за СП 2026

Не е крај на приказната: Нејмар сè уште има надеж за СП 2026

Карло Анчелоти исто така беше прашан за потенцијалното вклучување на Нејмар во репрезентацијата за Светското првенство. Иако беше претпазлив, 66-годишниот селектор сепак ги остави отворени вратите за враќање на напаѓачот на Сантос, кој не играл за репрезентацијата повеќе од две години. Нејмар, најдобриот стрелец на Бразил на сите времиња (79 голови), не играл за Бразил од тешката повреда на коленото добиена на 17 октомври 2023 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Анчелоти нагласи дека ќе ја избере својата екипа дури во мај, врз основа на нивото и формата на секој играч, вклучувајќи ја и 33-годишната ѕвезда.

„Ако Нејмар заслужува да биде на Светското првенство, ако е во форма и подобар од некој друг, тој ќе игра”, изјави Анчелоти, тврдејќи дека “никому ништо не должи”.

Бразил во март ќе одигра две пријателски натпревари во Соединетите Американски Држави, едната со Франција, а другата со Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …