Дома Фудбал Останато Конор Мекгрегор предизвика погрешна личност – сака да се бори за нов појас (Видео)

Конор Мекгрегор предизвика погрешна личност – сака да се бори за нов појас (Видео)

Ирската ММА ѕвезда Конор Мекгрегор наводно е подготвен да се врати во УФЦ. Неговата желба е борба за титулата во велтер категорија и тоа против Ислам Махачев.

За разлика од Хабиб Нурмагомедов, кој честопати пијан го предизвикува на социјалните мрежи, бидејќи не може да го прифати тешкиот пораз во мечот од 2018 година, ирскиот борец Конор Мекгрегор исклучително го почитува актуелниот УФЦ шампион Ислам Махачев.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Конор веќе со години се подготвува за враќање. Сега тоа повторно е актуелна тема, а The Notorious би сакал да се натпреварува за титулата во велтер категорија која е во сопственост на дагестанската ѕвезда.

„Мотивиран сум. Сакам напад на таа титула, сакам тројна круна”, рече Конор и продолжи: “Тоа би била добра борба, добра пресметка”.

Неодамна имаше и тепачка меѓу тимот на Мекгрегор и Дагестанци на УФЦ-настан.

.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Иран уништена и најголемата спортска сала, останаа само урнатини (Видео)

Според достапните информации, во еден од нападите на Иран е уништена спортска сала со капа…