Дома Фудбал Останато Како Реал се откажа од една од своите најголеми легенди…

Како Реал се откажа од една од своите најголеми легенди…

Фудбалските клубови грешат и тука нема ништо чудно. Но, некои грешки навистина скапо се плаќаат, понекогаш всушност парите немаат никаква врска оној емотивниот дел.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најдобро тоа веројатно го знае Реал Мадрид, клуб кој во минатото лесно знаеше да се откаже од своите легендарни фудбалери. Се сеќавате ли како најтрофејниот светски фудбалски колектив се откажа од Раул Гоназлес после се што Шпанецот направи за „кралевите“? Дали подобро помина Икер Касиљас? Некои фанови на шпанскиот гигант ќе кажат дека легендите самите го избрале својот пат, но впечатокот е дека клубот можеше да биде покоректен.

Најдобриот пример сепак е веројатно е Хозе Мариа Гутиерез Хернандез, наречен Гути. Роден во мадритското предградие, таму ги направи првите чекори, за клубот одигра скоро 400 натпревари, а потоа просто беше избркан од клубот без тронка почит – избркан, отпишан заборавен…

Замина од Шпанија во солзи, се обиде да ја оживее кариерата во Турција, настапуваше за Бешикташ една сезона, но за голем пресврт во неговата кариера веќе беше доцна. Гути беше заштитен знак на клубот, навивачите го обожаваа, а некои веројатно и ден денес ќе пуштат солза кога ќе се сетат на начинот на кој Реал се откажа од него.

Денес ги тренира децата во Мадрид, барајќи се себеси. Повторно деградиран и на маргините. Можеби сепак спрема некое големо враќање…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нови „експлозии“ во Мадрид – Реал има договор со три големи ѕвезди!

По две сезони без трофеи, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да направ…