Дома Фудбал Останато Страшна борба на Гого: Победи со нокаут во прва рунда! (Видео)

Страшна борба на Гого: Победи со нокаут во прва рунда! (Видео)

Македонскиот борец Гого Славески запиша уште една убедлива победа во БКФЦ (бокс со голи раце), откако со технички нокаут го совлада Џа Фар Форт уште во првата рунда.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Славески од самиот старт настапи жестоко и без двоумење ја презеде иницијативата. Рундата беше прекинувана дури четири пати, затоа што судијата процени дека противникот е во подредена позиција и на крајот пресече дека Форт не е во состојба да продолжи, со што Македонецот беше прогласен за победник.

Триумфот дојде по само една минута и 34 секунди борба – уште една демонстрација на моќта и зрелоста на Славески, кој сега има биланс од седум победи и еден пораз во БКФЦ и зад себе ја носи титулата поранешен шампион во ова натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И оваа година Скопје ќе ги собере најдобрите пинг-понг играчи во светот

Скопје се подготвува да ги пречека најдобрите светски пинг понг рекети, по втор пат во ист…