
Ждрепката за групната фаза на Светското првенство наредната година ги одреди Мексико и Јужна Африка да го отворат турнирот со натпревар на 11 јуни 2026 година на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двобојот ќе биде своеобразно дежаву, откако двата тима го отворија и Мундијалот 2010 година, кога домаќини беа Јужноафриканците и на почетокот требаше да се соочат со „Ацтеците“, а средбата заврши 1:1.
Другиот тим што беше извлечен во оваа група до моментот е Јужна Кореја. Мексико автоматски се квалификуваше за Мундијал 2026 како еден од трите домаќини на турнирот. Јужна Африка од своја страна ја освои својата Група Ц од квалификациите во зона Африка.