
Претседателот на ФИФА Џани Инфантино е убеден дека претстојното Светско 2026 ќе биде најдоброто во историјата.
„ФИФА е официјален снабдувач на среќа за човештвото“, изјави Инфантино за време на церемонијата на ждрепката за светските финалиња.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Ова ќе биде највеличественото Светско првенство во историјата. Тоа е многу повеќе од спортски настан. Тоа е просто највеличествениот настан во историјата на човештвото. Ќе биде уникатно, извонредно и спектакуларно“, кажа претседателот на ФИФА.
Тој додаде: „7 милиони луѓе ќе ги посетат стадионите. Уште два, три, четири пати повеќе луѓе ќе пристигнат во САД, Канада и Мексико, само за да ја почувствуваат атмосферата на Светското првенство. 6 милијарди ќе го гледаат турнирот дома. Ова ќе биде како 104 Супербоула во текот на еден месец”.