Дома Фудбал Јамал го надмина Мбапе и Гризман за месечната награда во Ла Лига

Јамал го надмина Мбапе и Гризман за месечната награда во Ла Лига

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, ја освои наградата за Играч на месецот во Ла Лига за ноември.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Крилото на Каталонците собра најмногу гласови од фановите и така се избори за признанието во конкуренција со Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Микел Ојарсабал (Реал Сосиедад) и Жерард Морено (Виљареал).

Минатиот месец Јамал постигна гол при победите над Елче со 3:1 и над Селта со 4:2, при триумфот со 4:0 над Атлетик Билбао запиша две асистенции, а кога Барселона победи со 3:1 над Алавес, шпанскиот репрезентативец придонесе со едно постигнување и една голова асистенција. Така, со своите три голови и три асистенции во четири натпревари во ноември, 18-годишниот талент ја заслужи месечната награда во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква прослава не сте виделе:Фудбалер извади нешто неочекувано и го покажа кон камерата (Видео)

Фудбалерите на Интер од Торонто синоќа на свој терен убедливо го победија Атлетико од Отав…