
Лион повторно се најде во центарот на скандалот откако угледниот француски весник „Л’Екип“ откри дека клубот морал да исплати огромни суми на факторинг компаниите за трансфери кои никогаш не се случиле. Станува збор за пет играчи на Ботафого, кои наводно Лион ги платил, но тие никогаш не стигнале во Франција.
Според францускиот извор, сè потекнува од времето кога John Textor бил на чело на клубот. Неговото управување остави бројни контроверзи, но оваа најнова приказна изгледа како најсилниот удар за ОЛ.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Факторинг компаниите, кои ги откупиле побарувањата на Ботафого, изминативе денови почнале да контактираат со Лион барајќи поврат на парите. Наводно се работи за трансфери во вкупна вредност над 120 милиони евра, иако играчите никогаш не преминале во Лион.
Меѓу имињата кои се споменуваат се Луиз Енрике, Игор Жесус и Саварино. Тие, според документите, требало да бидат дел од таканаречените трансфери во рамките на “Eagle”, со оглед на тоа што и двата клуба биле под иста сопственичка група.
Сето тоа се откри откако беше објавена е-пошта кореспонденција која во почетокот делуваше наивно. Сепак, последователната анализа покажа дека тие документи кријат сериозни последици за финансиската состојба на францускиот великан.
Лион ова лето едвај избегна испаѓање од лигата, откако казната беше променета во жалбена постапка. Клубот се обврзал на период на рационално и штедливо работење, но старите проблеми повторно излегуваат на површина.
Овој скандал доаѓа во најлош можен момент за ОЛ, кој се обидува да го стабилизира својот буџет и да го врати довербата на навивачите. Наместо тоа, тие се соочуваат со уште поголемо финансиско оптоварување.
Според „Л’Екип“, изгледа дека потпишаните документи ги потврдиле наводните трансфери, иако не постоела вистинска намера играчите да дојдат во Лион.
И додека истрагата трае, останува отворено прашањето како е можно да се случи трансфер на играчи во вредност од десетици милиони евра, а тие играчи никогаш да не го напуштат матичниот клуб.
Според „Л’Екип“, ова е само почеток на приказната, а новите детали би можеле дополнително да го разнишаат европскиот фудбал и да отворат расправа за транспарентноста на сопственичките структури.