Дома Фудбал (Фото) „Секој почеток има и свој крај“: Влатко Грозданоски ја напушти репрезентацијата на Македонија

(Фото) „Секој почеток има и свој крај“: Влатко Грозданоски ја напушти репрезентацијата на Македонија

По заминувањето на селекторот Благоја Милевски, репрезентацијата на Македонија ја напушти и Влатко Грозданоски.

Преку своите објави на социјалните мрежи, поранешниот репрезентативец и асистент се збогуваше со националниот тим.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Секој почеток има и свој крај. Една убава 4,5 годишна приказна со А репрезентацијата на Македонија, за мене место кое имав можност и како фудбалер претходно 10 години да го искусам. Имаше повеќе убави и нормално помалку неубави моменти.  Благодарност до играчите, стручниот штаб (Моцо, Вукса, Џоле, Ага), а посебно до селекторот Боби Милевски од кого јас како млад тренер сум среќен што имав можност да учам и да напредувам во оваа професија зато што Боби е со должна почит према сите колеги најдобриот тренер во Македонија. Бројките и успесите говорат сами по себе. Два баражи за Светско првенство во два циклуса за Светско, промоција во Б дивизија на Лига нации од два циклуса на Лига Нации, 14 квалификациони натпревари без пораз(две години) и неколку други рекорди како победи во низа, натпревари без примен гол, победа над Италија (актуелниот Европски првак), позитивни резултати против Англија, Италија, Белгија… Да бидеме реални, не сме светска велесила во фудбал. До некое следно видување и соработка, да сте живи и здрави“, објави Грозданоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…