Дома Фудбал Македонија во новата година добива нов дрес, но и нов главен спонзор! (Видео)

Македонија во новата година добива нов дрес, но и нов главен спонзор! (Видео)

Фудбалската федерација на Македонија со кратко видео на социјалните мрежи го најави најновиот дрес на националниот тим, кој ќе биде изработен во соработка со нов технички партнер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По повеќегодишната соработка со „Јако“, од ФФМ потврдија дека преминуваат под брендот „Адидас“.

„Наскоро, трите линии ќе ги носат нашите бои“, порачаа од Федерацијата преку најавата.

Во видеото се појавуваат и сите дресови што македонската репрезентација ги носела од своето формирање па сè до денес, давајќи мал историски пресек на нивниот развој.

Новата опрема би можела првпат да биде официјално претставена во март, на бараж-дуелот за пласман на Светското првенство против селекцијата на Данска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…