Дома Фудбал Валверде застана пред камерата и зборуваше за болната вистина за Мбапе и Винисиус

Валверде застана пред камерата и зборуваше за болната вистина за Мбапе и Винисиус

Реал Мадрид ја прекина лошата серија во Ла Лига и синоќа на гости во Билбао успеа да го победи Атлетик со 3:0. По натпреварот, Федерико Валверде застана пред камерата и даде интересно забележување кога станува збор за некои од неговите соиграчи.

Реал Мадрид имаше серија од три последователни ремија во првенството што Барселона знаеше да го искористи и повторно ја презеде лидерската позиција на табелата.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Кралевите успеаја да ја прекинат лошата серија синоќа на непријатното гостување во Билбао каде што полесно од очекуваното го победија Атлетик.

Реал ја започна најдобро натпреварот на Сан Мамес и веќе во седмата минута успеа да поведе со 1:0 кога Мбапе ја затресе мрежата на домаќините од асистенција на Александер-Арнолд.

Во завршницата на првото полувреме гостите од Мадрид ја удвоија предноста. Овој пат Мбапе беше асистент, а голот за 0:2 беше дело на Камавинга.

Одличниот натпревар на Мбапе кулминираше во второто полувреме кога со вториот гол го постави резултатот 0:3. Се играше 59. минута кога Карерас му го додаде на Французинот кој повторно го матираше голманот на домаќините и стави крај на овој дуел.

По натпреварот, Феде Валверде застана пред камерата и зборуваше токму за Мбапе, но и за Винисиус Жуниор, кои по повеќе од година дена очигледно конечно разбраа што треба да направат за играта на Реал да функционира.

Овој двоец често беше на мета на критики од соиграчите и навивачите бидејќи не заземаа доволно учество во дефанзивата, а кога тоа синоќа конечно го направија, Реал без проблем го запиша победата, што токму Валверде го истакна.

„Секогаш е добро да се види Мбапе и Винисиус толку да се трудат во дефанзивата како вечерва. Тоа е она што ни недостасуваше во повеќето натпревари и видовте колку подобро функционира сè кога и тие се вклучуваат во одбраната”, изјави Валверде по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во новата година добива нов дрес, но и нов главен спонзор! (Видео)

Фудбалската федерација на Македонија со кратко видео на социјалните мрежи го најави најнов…