Дома Фудбал Нејмар на брутален начин одговори на шпекулациите дека неговата кариера е завршена – за 17 минути направи чудо (Видео)

Нејмар на брутален начин одговори на шпекулациите дека неговата кариера е завршена – за 17 минути направи чудо (Видео)

Сантос синоќа забележа драгоцена победа на гостувањето кај Јувентуде (0:3) во борба за опстанок, а во центарот на вниманието беше Нејмар, кој одигра меч за паметење и потсети на најдобрите денови од неговата кариера. Сантос се најде во тешка ситуација поради разочарувачката сезона и беа на чекор од испаѓање во понизок ранг, но во претходните два натпревари успеаја да заиграат подобро кога тоа беше најважно.

Овој тим забележа и втора последователна победа во првенството поради што избегаа од долниот дел на табелата, но сè уште не се математички обезбедени за опстанок иако се многу блиску до тоа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако многумина веќе го отпишаа Нејмар и дури во последно време се зборуваше дека му е завршена кариерата поради проблеми со коленото, тој им ги затвори устите на најдобар можен начин синоќа.

Поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ го водеше Сантос до победа во синоќешниот натпревар, и Нејмар во второто полувреме успеа да постигне хет трик.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо баран од страна на клуб кој никој не го очекуваше во приказната!

Според пишувањето на угледниот германски весник “BILD”, Ајнтрахт Франкфурт сер…