
Реал Мадрид се врати на победите и уверено триумфираше со 3:0 на гостувањето против Атлетик Билбао во натпревар од15-ти круг од Ла Лига, одигран на „Сан Мамес“.
Најистакнат на „Катедралата“ беше Килијан Мбапе, кој постигна два гола со убави удари од далечина (7′, 59′), а покрај тоа, француската ѕвезда асистираше и за голот на својот сонародник Едуардо Камавинга во 43-та минута.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На овој начин, по денешниот натпревар, Мбапе веќе има 16 голови во првенството. Клучни за успехот на Реал беа и двете одлични интервенции на голманот Тибо Куртоа кога резултатот беше 0:1 за гостите.