
Александар Трајковски официјално го започнува новото поглавје од својата кариера во Хрватска – македонскиот репрезентативец денеска беше претставен како ново засилување на Локомотива Загреб.
По вчерашната најавa од самиот Трајковски дека се преселува како слободен фудбалер, клубот го потврди трансферот со објава на социјалните мрежи.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
„Локомотива со гордост го претставува Александар Трајковски, искусниот македонски интернационалец кој пристигнува на Кајзерица. Трајковски доаѓа од Хајдук, каде во изминатите две сезони на 32 настапи постигна десет гола, а се истакна и со хет-трик токму против Локомотива во последното коло од сезоната 2023/2024“, стои во соопштението на клубот.
Со трансферот во Локомотива, Трајковски ќе настапува за својот трети хрватски клуб, откако претходно го носеше дресот и на Интер Запрешиќ.