
Манчестер Сити избегна огромен неуспех на “Крејвен Котиџ”. Тимот на Пеп Гвардиола водеше против Фулам со четири голови на почетокот на второто полувреме, но мораше да се бори во завршницата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Граѓаните” победија со 5:4 во неверојатен натпревар и се доближија на две точки до лидерот Арсенал, кој игра утре.
Ерлинг Холанд го постигна својот гол број 100 во Високата лига и стана играчот што најбрзо стигнал до ова постигнување. Норвежанецот се истакна уште со две асистенции и два удари во стативата. Ман Сити забележа 19-та последователна победа против овој противник во сите натпреварувања.