Дома Фудбал Еден од најбараните дефанзивци нема да го обнови договорот со Борусија Дортмунд

Еден од најбараните дефанзивци нема да го обнови договорот со Борусија Дортмунд

Една од трансферните цели на Барселона станува многу поизводлива како опција, бидејќи дефанзивецот на Борусија Дортмунд Нико Шлотербек не планира да го обнови договорот, тврди германскиот весник „Билд“, цитиран и од „Мундо Депортиво“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот гигант го смета централниот дефанзивец како еден од приоритетите за следното лето. Клубот е нетрпелив да привлече квалитетен фудбалер во одбраната, кој би соработувал со Пау Кубарси.

Шлотербек сега изгледа како реална опција за Барселона, уште повеќе што е ценет од тренерот Ханзи Флик, кој му даде шанса за дебит во националниот тим на Германија и добро ги познава неговите квалитети. Германскиот репрезентативец одлучил да не го обнови договорот со тимот Дортмунд, и покрај можноста да ја зголеми својата плата од 2,5 милиони евра на 8 милиони.

Сегашниот му договор истекува во 2027 година, но Борусија може да се обиде да ги намали своите загуби и да го продаде идното лето. Меѓу другите европски тимови кои изразиле интерес за Нико Шлотербек се и Баерн Минхен, Реал Мадрид и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…