
Фудбалерот на Нотингам Форест, Елиот Андерсон, привлече големо внимание од Пеп Гвардиола, па англиските медиуми најавуваат дека Манчестер Сити веќе зимава би можел да се насочи кон потписот на овој одличен играч за врска.
Со него е воодушевен и селекторот на Англија, Томас Тухел, а Андерсон беше стандарден за време на квалификациите за Светското првенство, кои Англичаните ги завршија со сите осум победи.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Тухел неодамна изјави дека тој е “клучен играч на Англија” и тоа доволно говори за ставот на Германецот, па нема сомнение дека Андерсон ќе биде важна фигура и на Светското првенство.
Според англиските медиуми, извидниците на Сити го следеле повеќе од десет пати оваа сезона. Иако на “Етихад” се импресионирани од настапите на 23-годишникот за клубот и репрезентацијата, потенцијалниот трансфер би бил попречен од барањето за оштета од дури 115.000.000 евра.
Нотингам не е под притисок за продажба, бидејќи Андерсон е врзан со долгорочен договор кој трае до летото 2029 година.
Сепак, издашна понуда може да го натера да го промени ставот. Иако оваа сезона му овозможија играње во Лигата на Европа, “шумарите” се борат за опстанок во Премиер лигата, што би можело да влијае на амбициите на талентираниот фудбалер.
Сити е “пригризен” и ќе видиме во јануари. Кога Пеп некого многу го сака, ни 115.000.000 не се проблем…