
Џаби Алонсо одржа денеска прес-конференција пред утрешниот натпревар во Ла Лига каде што Реал Мадрид ќе оди на тешко гостување во Билбао кај Атлетик.
Атлетик и Реал играат утре натпревар во 19-то коло на шпанската Ла Лига, а Џаби Алонсо не се чувствуваше многу пријатно на денешната прес-конференција со оглед на тоа дека Кралевите не играат игри какви што се очекуваат.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
Иако Реал до пред еден месец имаше пет бодови предност во однос на Барселона, по неколку неуспеси тие паднаа на второто место на табелата и сега заостануваат бод зад својот жесток ривал.
Сепак, на прес-конференцијата на тренерот на кралскиот клуб се случи и интересна работа поврзана со еден играч на Барселона.
Во прашање е Роналд Араухо кој е во центар на вниманието последниве денови откако не се појавува на тренинзите, и наводно побарал поштеда бидејќи не е во најдобра психичка состојба.
Араухо доби жестоки критики по натпреварот Челси – Барселона во кој неговиот тим беше поразен со 3:0, а тој крајот на првото полувреме доби црвен картон што предизвика општо незадоволство меѓу навивачите на Барселона.
По натпреварот во Лондон тој не тренираше со тимот и не беше во составот за натпреварот со Депортиво Алавес. Објаснето е дека има стомачен вирус, но веднаш потоа беше потврдено дека Араухо не е на тренинзи бидејќи ментално не е подготвен за тоа.
Алонсу денеска му објаснија што се случува со играчот на Барселона, а тој ги воодушеви сите со џентлменска порака.
„Мораме да ги почитуваме она што на фудбалерите им е потребно, бидејќи тие не се роботи. Ако клубот донел таква одлука која оди во корист на играчот, тогаш за мене тоа звучи логично и оправдано. Сите треба да реагираат така, бидејќи со менталното здравје не треба да се игра”, порача тренерот на Реал Мадрид.