Дома Фудбал Скандалозни тврдења: Голеадаата на натпреварот на Звезда беше местенка, цело првенство во Србија треба да се поништи!

Скандалозни тврдења: Голеадаата на натпреварот на Звезда беше местенка, цело првенство во Србија треба да се поништи!

Натпреварот помеѓу ОФК Белград и Црвена Звезда (3:4) предизвика остра реакција од поранешниот играч на овие клубови и поранешен репрезентативец, Огнен Короман.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како и секогаш, Короман е искрен и директен. На својот Инстаграм профил, тој ја повика полицијата во Србија да се ангажира во „фудбалските случувања“.

На почетокот, тој упати повик до главната фудбалска организација во Европа:

„УЕФА треба да го поништи целото натпреварување во нашата Супер лига поради местењето на натпреварите, конкретно натпреварот ОФК – Звезда“, напиша Короман.

Короман продолжи директно на обвинувања:

„Ова е најголемиот скандал и преседан во српскиот фудбал, каде што татко и синови, заедно со помош од обложувалниците и службата за државна безбедност под името БИА, ја држат во страв и ја местат целосната фудбалска лига.“

Короман e еден од ретките што ги отвораат овие теми…

„Никој од фудбалските лица во Србија не се осмелува да зборува бидејќи сите се во страв. Додека таквите луѓе не бидат процесирани и не добијат долгогодишни затворски казни за корупција, манипулации и местења, ниту фудбалот, ниту нашите деца нема да имаат перспектива. Ниту во фудбалот, ниту во животот“, заклучи Короман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од трагедија до лудило: Габриел доживе неверојатен пресврт кој никој не го очекуваше

Додека играчите на ПСЖ славеа нова титула и потврда за својата доминација во Европа, во др…