Дома Фудбал „Земјотрес“ од Мадрид: Реал одлучи да продаде голема ѕвезда

„Земјотрес“ од Мадрид: Реал одлучи да продаде голема ѕвезда

Бразилецот Родриго е вишок во Реал Мадрид. Кралскиот клуб одлучи да го продаде 24-годишниот напаѓач и заминувањето е можно веќе во јануари.

Угледниот шпански новинар Марио Кортегана наведува дека овој фудбалер го изгубил статусот на ‘недопирлив’ и клубот е подготвен да го продаде.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Понудите кои ќе пристигнат за Родриго ќе бидат разгледани. Тој го изгуби статусот на недопирлив, особено откако дојде до очајна бројка од 30 натпревари без гол – најлошо за еден напаѓач на Реал. Го изедначи рекордот на Мариано Диас”, наведува Cortegana.

Бразилскиот офанзивец сè повеќе му се намалува цената. Кралевите сакаат да спасат што се може, па веќе во јануари се подготвени да ги сослушаат понудите за него и се очекува дека една ќе биде прифатена.

Интересот за 24-годишниот доаѓа најмногу од Англиската Премиер лига, а моментната цена му е 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Кој го исвиркува претседателот, не го сака Реал Мадрид

Новиот тренер Алваро Арбелоа ја постигна првата победа како тренер на Реал Мадрид на својо…