Дома Фудбал ФИФА размислува за промена на ВАР правилата за Мундијалот

ФИФА размислува за промена на ВАР правилата за Мундијалот

Луѓето кои ја водат ФИФА сакаат да ги намалат грешките во судењето на претстојниот Мундијал, па размислуваат да воведат иновации во ВАР правилата.

ФИФА инсистира ВАР судиите да добијат овластување да интервенираат во ситуации кога сметаат дека погрешно е доделен корнер или поради жолт картон, пренесуваат британските медиуми.

За можната измена на ВАР правилата имало разговори во рамките на Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи (IFAB), тело задолжено за фудбалските правила, наводно ФИФА би можела да добие посебно одобрение да ги прошири надлежностите на ВАР, дури и без официјално внесување на тие измени во фудбалскиот правилник.

Јасно е дека грешките при судењето и покрај ВАР се случуваат, но воведувањето уште прегледи на снимките ќе ја забави играта и ќе ја направи помалку интересна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аканџи предвреме се враќа во Интер, Швајцарија без него против Шкотска

Мускулен замор го оддалечи Мануел Аканџи од репрезентативниот собир, но засега не се очеку…