
Роналд Араујо поминува низ тежок период. Од исклучувањето против Челси, но и пред тоа, тој чувствува дека не е во најдобра ментална и психолошка состојба.
Поради тоа, според информациите на МД од извори блиски до ситуацијата, одбранбениот играч на Барселона побара од клубот да му се даде време за ментално и психолошко опоравување од стресот низ кој минува.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Араујо е исклучително посветен играч, кој тоа го покажа не жалејќи се во ситуации кога беше на клупата, па дури и кога Ханси Флик го користеше надвор од неговата природна позиција стопер, дури и како напаѓач.
Токму поради тоа, Роналд смета дека е најчесно кон себе, тимот и клубот да побара време за опоравување.
Клубот се согласи на тоа без колебање бидејќи смета дека е најдобро играчот да ја поврати психолошката и менталната сила.
Оваа пауза е од неопределено времетраење бидејќи во вакви околности не може да се поставуваат рокови, но јасно е дека во физичка смисла уругвајскиот репрезентативец е добро.
Барселона му стави на располагање целосна поддршка, давајќи му го времето кое го бара и обезбедувајќи му психолошка помош која му е потребна.
Претседателот Лапорта јавно го поддржа минатиот петок од Андора, а исто така има и полна поддршка од Деко, директорот на фудбалскиот сектор, и тренерот Ханси Флик.
“Сакам да го охрабрам и да го бранам Араујо. Многу е критикуван и не сметам дека тоа е праведно. Тој дава сѐ на теренот, нашиот е капитен и сега мора да го преброди овој момент, бидејќи е многу емотивна личност со чувства.
Тешко му е и сакам да му кажам дека сме со него, дека мора да ја сврти страницата, бидејќи тука сите победуваме и сите губиме, и нема еден одговорен за поразите ниту за победите”, рече Лапорта.
Флик најави дека се работи за “приватна работа” и дека дефанзивецот моментално не е подготвен за игра.