Дома Фудбал Тер Штеген продолжи со тренинзи, ќе се подготвува за трансфер

Тер Штеген продолжи со тренинзи, ќе се подготвува за трансфер

Поранешниот прв чувар на мрежата и капитен на Барселона Марк-Андре тер Штеген продолжи со тренинзи со главната група. Германецот е во завршната фаза на рехабилитацијата по повредата на долниот дел од грбот, за што беше подложен на операција на 29 јули. Првичната прогноза беше дека ќе отсуствува три месеци, но времетраењето на неговото закрепнување се продолжи за уште еден месец.

Тер Штеген најверојатно нема да игра повеќе за Барселона, освен ако некој од Жоан Гарсија или Војчех Шчесни не се повреди. 33-годишниот Германец има една од највисоките плати на “Камп Ноу” и поради тоа каталонците претпочитаат да се разделат со него во јануари. Самиот играч пак сака да премине во тим каде што ќе игра редовно, за да биде подготвен за Светското првенство следното лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според Фабрицио Романо, неколку клуба имаат сериозен интерес да го привлечат Тер Штеген во зимскиот трансферен период. Трансферскиот експерт не посочува од каде се тие, но имаше гласини дека екипи од Англија и Турција ќе се обидат да го донесат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо размислува да си замине, во договорот има ослободителна клаузула

Гневот на Кристијано Роналдо кон раководството на Ал-Наср е толку голем, што Португалецот …