Дома Фудбал Дарвин Нуњес незадоволен во Саудиска Арабија, сака да се врати назад во Јужна Америка!

Дарвин Нуњес незадоволен во Саудиска Арабија, сака да се врати назад во Јужна Америка!

Откако направи трансфер од Бенфика во Ливерпул, Дарвин Нуњес постојано има проблеми.

Уругваецот на моменти го покажува талентот на играч кој чини 100 милиони евра, но исто така има значајни кризи во формата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Летово премина во Ал Хилал, но не се снајде најдобро. Така, одигра 11 натпревари и постигна 5 голови во многу ограничено време на теренот.

Сака да ја напушти Саудиска Арабија и според бразилските медиуми, сака да се врати во Јужна Америка. Наводно, неговите претставници се обидуваат да го доведат играчот во аргентинскиот гигант Ривер Плејт, кој на зима планира голема реконструкција на тимот за да атакува на трофеи.

Во својата татковина, Нуњес има играно само за Пенјарол пред да ја започне својата европска авантура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Фалангата“ издоминира: Во Копенхаген денеска ечеше македонска песна! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Данска во Копе…