Дома Фудбал Состојбата на Влаховиќ е сè полоша – мора на операција?

Состојбата на Влаховиќ е сè полоша – мора на операција?

Загриженоста на навивачите на Јувентус и Србија расте по објавата на клубот дека Душан Влаховиќ добил сериозна повреда на левата нога за време на натпреварот против Каљари.

Српскиот напаѓач почувствувал силна болка веќе во првото полувреме на саботниот дуел, фати се за препоната и со болна гримаса го напушти теренот храмајќи.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Два дена подоцна, Јувентус потврди дека повредата е потешка отколку што првично се мислеше – станува збор за поголема руптура на adductor longus, за која Влаховиќ ќе паузира најмалку два до три месеци.

Тоа значи дека за него 2025 година практично заврши, а враќање пред февруари, па дури и март, изгледа малку веројатно.

Во следните денови следи серија состаноци и консултации на медицинскиот тим за да се одлучи за најдобриот начин на третман. Меѓутоа, поради обемот на руптурата, Јувентус веќе ја разгледува можноста за операција.

Иако заминувањето “под нож” сè уште не е дефинитивно, извори од клубот наведуваат дека тоа е еден од сценаријата кои сериозно се земаат предвид.

Повредата доаѓа во незгоден момент – токму кога новиот тренер Лучано Спалети го означи Влаховиќ како главна ударна напаѓачка опција.

Србинов под неговото водство веќе придонесе за важни резултати: постигна гол во Лигата на шампионите против Спортинг, а асистираше против Фиорентина.

Во досегашниот дел од сезоната одигра 17 натпревари, со шест голови и две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Деко: Кога имате фудбалери како Јамал, Кубарси, Гави и Балде, не е потребно да купувате играчи

Спортскиот директор на Барселона, Деко, изрази несогласување со теоријата дека клубот дава…