
Реал Мадрид повторно загуби важни бодови. Тимот на Чаби Алонсо веќе трето коло по ред никако не може да дојде до победа, а последицата од тоа е губење на лидерската позиција на табелата, позиција која сега ја држи актуелниот првак, Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По ремито синоќа, Реал остро реагираше кон судиската организација, тврдејќи дека арбитрите во последно време им одзеле неколку пенали. На клупската телевизија РМТВ беше објавено: “Реал има четири бода помалку поради синовите на Негреира”.
Да потсетиме, во март 2023, во Барселона беше поднесено обвинение за корупција против ФК Барселона и поранешните претседатели Жозеп Марија Бартомеу и Сандро Розел. Тие се обвинети дека од 2001 до 2018 му платиле на Жосе Марија Енрикез Негреира, поранашен потпретседател на шпанската судиска комисија, и неговата компанија вкупно 8,4 милиони евра.
Барселона ги призна овие исплати на сметката на компанијата: „Плативме на компанијата како надворешен технички консултант за да ни работи видеокомпилации од настапите на судиите. Те снимки ги користевме за собирање информации за стилот и начинот на судење, за да ги обучуваме нашите играчи согласно тоа. Практиката на ангажирање вакви компании е честа меѓу професионалните спортски клубови.”
Затоа Реал сега го спомнува Негреира, бидејќи, според нив, намерните судиски грешки во нивна штета ѝ помагаат на Барселона да се врати на првото место. По натпреварот во Жирона, Реал Мадрид ТВ сериозно го доведе во прашање работењето на судијата Де Бургос Бенгоечеа и дејствувањето на ВАР, тврдејќи дека неколку клучни ситуации не биле прегледани, а таквите одлуки директно влијаеле на резултатот.
“Целосно очигледен пенал беше досуден за Виницијус, тука нема ни најмала сомнеж. И кај Родриго нема разлика, но Пулидо Сантана од ВАР-собата не го предупреди Де Бургос Бенгоечеа. А кај Мбапе ја увеличивме снимката и се гледа како Алекс Морено во внатрешноста на казнениот простор ја удира неговата лева нога со својата лева нога.