Дома Фудбал Артета доби фантастични вести, Арсенал може да биде и посилен!

Артета доби фантастични вести, Арсенал може да биде и посилен!

Фудбалерите на Арсенал продолжуваат со импресивни настапи, а од оваа недела нивната сила уште повеќе се зголемува.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Микел Артета потврди дека на располагање ги има Виктор Ѓокереш и Кај Хаверц, кој се враќа во тимот по долготрајна пауза.

“Да, сите полека се враќаат во составот и ќе видиме кој колку ќе може да игра,” изјави Артета на темата за напаѓачите.

Во отсуство на Виктор Ѓокереш, во последните недели Микел Мерино играше како “лажна деветка”, но ниту тоа не беше пречка Арсенал да ги совлада и Тотенхем и Баерн Минхен.

Арсенал го очекува динамичен, но нешто полесен распоред по неделниот дерби со Челси, откако ќе го пречека Брентфорд на 3 декември, ќе гостува кај Астон Вила три дена подоцна, а потоа на 10 декември ќе игра против Клуб Бриж, додека на 13 декември на “Емирети” доаѓа Вулверхемптон.

Враќањето на напаѓачите е само уште едно оружје за младиот Арсенал, кој е лидер во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Данскиот селектор откри како реагирал откако се онесвести Ериксен

Додека играчите се собираа околу Кристијан Ериксен, данскиот селектор Бриан Ример за само …