Дома Фудбал Серхио Рамос го напушта Мексико и си бара нов клуб

Серхио Рамос го напушта Мексико и си бара нов клуб

Шпанската легенда Серхио Рамос го напушта неговиот сегашен клуб Монтереј, соопшти „Ел Чирингито“. Ова ќе се случи по завршувањето на плејофната фаза во мексиканската Апертура, која започнува сега. Бранителот, кој во март ќе наполни 40 години, сепак не планира да ја заврши својата кариера, туку ќе бара нов тим.

Рамос му се придружи на Монтереј минатиот февруари како слободен агент со договор до крајот на декември. Тој покажа добра форма и е клучен играч на тимот, а учествуваше и на Светското клупско првенство ова лето со него.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Можеби поранешниот капитен на Реал Мадрид се надева дека со враќањето во Европа би имал шанса да освои место во националниот тим за претстојното Светско првенство. Рамос му придава голема важност на оваа можност, бидејќи ја пропушти последните три големи првенства.

Последниот пат Рамос играше за Шпанија во 2021 година. Не беше повикан од Луис Енрике за Евро 2020 ниту за Светското првенство во Катар 2022, а Луис де ла Фуенте исто така не го вклучи во составот за Евро 2024.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн прави бомбастичен трансфер

Катарскиот Ал Рајан летово активираше бомба и од саудискиот Ал Хилал го ангажираше Алексан…