
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, упати остри зборови кон Реал Мадрид и неговиот лидер Флорентино Перес, кој пред неколку дена жестоко говореше против шампионите. Тој се пошегува дека “белите” страдаат од болест “барселонит”.
„Сега се сетив на изјавите на Генералното собрание на Реал Мадрид, кои не можев да ги коментирам тогаш, но сега ќе го направам истото – започна претседателот на Барса. – Мислам дека излегоа надвор од контрола и покажуваат колку се опседнати од Барселона. Изгледа дека мора да зборуваат за Барса за да оправдаат нешто што не знам што е. Тие постојано учествуваат во судскиот процес по „случајот Негреира“, кој го развлекуваат како мастика, бидејќи знаат дека нема ништо таму. Ова е начин да оправдаат нешто што не е вистинито: Барса никогаш не купила судија и генерално судиите не ни помагаат. Цел живот им помагале на Мадрид. Да речеме, во минатото коло во Ла Лига (2:2 против Елче) постигнаа два гола кои не требаше да бидат прифатени. За мене е јасно дека Џуд Белингам игра со рака на едниот гол, а на другиот Винисијус Жуниор го скрши носот на Ињаки Пенја. Тие два гола не требаше да бидат прифатени и сега Барса ќе беше лидер во Ла Лига.“
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Во Реал Мадрид имаат манија против најдобриот период во историјата на Барса – продолжи Лапорта. – Не им се допадна што Барселона беше светски пример од 2004 до 2015 година, кога клубот беше хегемон, и сега бараат оправдувања кои не водат никаде. Бевме тим кој играше најубаво, признат, почитуван и сакан за тоа што го дадовме. Бевме признаени за постигнатите успеси и почитувани за начинот на кој ги постигнавме. Освоивме многу титули и играта на Барса беше предмет на восхитување низ целиот свет, па да не бараат изговори како лоши платци. Сега ќе бевме лидери. Критиките на Реал Мадрид кон Тебас ме натераа да размислам. Сакаат да го отстранат и да доведат некој друг…“