Дома Фудбал Раководството на Ливерпул може да го замоли Клоп да ја спаси сезоната, потоа има друга цел за нов менаџер

Раководството на Ливерпул може да го замоли Клоп да ја спаси сезоната, потоа има друга цел за нов менаџер

Раководството на Ливерпул може да му се обрати на поранешниот менаџер на тимот Јирген Клоп со молба германецот да се обиде да ја спаси сезоната на тимот, доколку продолжи падот и се дојде до разделба со Арне Слот.

Теоријата за можноста за враќање на Клоп се промовира од различни извори во последниве недели, а некои од обложувалниците на Островот дури го посочија германецот како фаворит за нов менаџер на Ливерпул. Според „Сан“ сепак, Клоп може да се врати евентуално само со идеја да помогне за неколку месеци, по што долгорочната цел е друга. Изданието тврди дека големата цел во оваа насока е тренерот на Пари Сен Жермен Луис Енрике.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Информацијата гласи дека раководството е подготвено да го чека Слот до Нова година, за да види дали ќе може да се справи со кризата. Можна нова загуба од Вест Хем во недела сепак би го зголемила притисокот врз Холанѓанецот неверојатно многу.

Самите Слот вчера изгледаше доста спокоен на својата прес-конференција и изјави дека разговарал со сопствениците и е сигурен дека тие продолжуваат да имаат доверба во него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Серхио Рамос го напушта Мексико и си бара нов клуб

Шпанската легенда Серхио Рамос го напушта неговиот сегашен клуб Монтереј, соопшти „Ел Чири…