
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска ја соопшти санкцијата за Шкендија Арачиново, по инцидентот во кој член на редарската служба физички нападна фудбалер на Брегалница. Како резултат на тоа, клубот ќе биде без поддршка од својата публика на четири домашни натпревари – без разлика дали станува збор за Куп или првенствен дуел – а дополнително ќе треба да плати парична казна во висина од 4.000 евра.
Санкции стигнаа и за комесарот за безбедност на клубот, кој е суспендиран на една година.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
На денешната седница беа разгледани и други предмети, при што беа изречени суспензии за повеќе фудбалери и функционери поради прекршувања на правилата на претходните натпревари.
– Дамјан Стојковски, ФК Осогово – забрана за настап на еден натпревар.
– Кристијан Чурлинов, ФК Шкендија Арачиново – забрана за настап на еден натпревар.
– Ферди Исмаили, ФК Шкупи 1927 АД – забрана за вршење функција во траење од две години.
– Ајдари Шкелќим, ЗФК Шкендија Арачиново – забрана за вршење функција во траење од три месеци.
– Даниел Карчески, ФК Брегалница – забрана на настап на два натпревари.
– Јасир Беќири, ФК Шкендија Арачиново – забрана на настап два натпревари.