Дома Фудбал Поранешниот светски шампион има ретка болест: Докторите се чудат како уште може да оди

Поранешниот светски шампион има ретка болест: Докторите се чудат како уште може да оди

Легендарниот италијански фудбалер Џанлука Замброта се врати дома по хируршка интервенција на неговата лева нога. Светскиот шампион од 2006 и поранешниот играч на Јувентус и Милан излезе од клиниката во Болоња каде минатата недела го направи корективниот зафат за варус деформитет. Станува збор за нарушување кое предизвикува нозете да изгледаат како буквата „О“.

Веднаш по операцијата, Замброта се обрати на своите следбеници на Инстаграм. Постави фотографија со штаки, им се заблагодари на сите за поддршката и додаде: „Полека, но право напред…“. Претходно се пишуваше дека лекарите се изненадени како воопшто може да оди.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Процедурата на која беше подложен Замброта е позната како остеотомија. Фудбалерот го опиша на едноставен начин: „Во практика ми ги исправуваат нозете со тоа што ми отсекуваат мали делови од коската и ми вградуваат метални плочки“.

Станува збор за превентивна операција за да се одложи што подолго вградувањето на протеза, за која самиот нагласи дека „ќе мора да се постави за неколку години“.

Замброта ја започна кариерата во 1994 и играше до 2014 година. Најголемите успеси ги постигна како играч на Јувентус, Милан и Барселона. За Италијанската репрезентација играше од 1999 до 2010 година. Покрај светското злато, во 2000 година освои и европска бронза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул е во сериозна криза, Карагер жестоко го критикуваше Конате, а фудбалерот сега се огласи

Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахим Конате, одлучи да проговори по жестоката критика од стра…