Дома Фудбал Кристијано Роналдо инвестира во нова авантура: Станува акционер во брзо растечка организација на ММА

Кристијано Роналдо инвестира во нова авантура: Станува акционер во брзо растечка организација на ММА

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, одлучи да заплови во водите на ММА спортот, станувајќи акционер во една од најамбициозните организации која бележи голем раст.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо влезе во сопственичката структура на WOWfc организацијата. Лице на оваа организација е Илија Топурија, познат борец со грузиско потекло, кој се натпреварува под знамето на Шпанија.

Овој голем потфат Португалецот го објави по пат на социјалните мрежи:

„Возбуден сум што можам да ја споделам оваа неверојатна вест: Станувам акционер на WOWfc!

Имаме заеднички вредности што ги негувам, како дисциплина, почит, издржливост и постојаниот стремеж кон совршенство. WOW FC создава нешто навистина уникатно и моќно и горд сум што ќе бидам дел од оваа приказна за да го унапредиме спортот и да ги инспирираме идните генерации“, напиша Роналдо на неговите социјални мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов рекорд на Меси при враќање во тимот на Интер Мајами

ЛИОНЕЛ МЕСИ со два гола го предводеше Интер Мајами до триумф над Атлетико Сан Луис со 4:2 …