Дома Фудбал Нов рекорд: Со 13 години играше во Лигата на шампионите

Нов рекорд: Со 13 години играше во Лигата на шампионите

Англискиот фудбалер Луис Муњоз го собори рекордот за најмлад играч во младинската Лига на шампионите.

Овој фудбалер има неполни 14 години, роден е на 18 декември 2011 година, а во среда оствари историски подвиг, станувајќи најмлад играч во ова натпреварување под капата на УЕФА.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во победата на младиот тим на Арсенал над врсниците од Баерн (4:2), Муњоз влезе од клупата, што беше негово деби во оваа категорија.

Во младинската ЛШ можат да играат играчи родени во 2007 година и помлади, но дозволено е во тимот да има максимум пет играчи родени во 2006 година.

Муњоз е член на селекцијата на Англија до 15 години, и може да ги следи чекорите на Макс Доуман, кој со 15 години доби шанса да тренира со првиот тим на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија сакаше да се тепа со судија! (Видео)

Вечерва се случи скандал во македонското футсал првенство кој тренерот на Форца, но и селе…