
Лука Модриќ јасно кажа и призна дека направи чекор назад заменувајќи го дресот на Реал Мадрид со тој на Милан, но сепак Хрватот смета дека направил правилна одлука доаѓајќи во овој тим.
Модриќ играше навистина феноменално во дресот на Реал Мадрид, но еднаш и таа приказна мораше да заврши, а тоа се случи на крајот од минатата сезона.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Одлучи Модриќ да го прифати повикот на Милан и да ја продолжи кариерата во овој тим, а англискиот GOAL пренесе дел од неговиот разговор во емисијата (Не)успех на шампиони од Славен Билиќ во кој говореше за многу работи, а меѓу другото откри и зошто ја прифатил понудата на тимот за кој сега игра.
Веќе Модриќ постигна еден гол и две асистенции во дресот на Милан и има клучна улога во тимот кој од клупата го води Алегри.
„Секогаш сум го велел тоа, по Реал, каде и да одиш тоа е чекор назад. Тоа нема сомнение и сите играчи можат да потврдат.
Мислам дека дојдов во клуб кој по историја и углед е многу блиску до Реал Мадрид, а за мене тоа е идеална ситуација која можеше да се случи.
Го сакам Милан, како дете пораснав со италијанскиот фудбал. Милан беше клубот кој го сакав најмногу.
Кога се укажа можноста да дојдам во Милан тоа беше вистинското за мене”, рече Модриќ.