Дома Фудбал Jувентус го победи Бодо, па „смрзна“ во Норвешка: Не може да се врати во Италија!

Jувентус го победи Бодо, па „смрзна“ во Норвешка: Не може да се врати во Италија!

Фудбалерите на Јувентус се враќаат дома со победа од натпреварот против Боде во Норвешка. Но, по завршување на средбата, нивното патување се претвора во вистински предизвик бидејќи временските услови го кочат авио-сообраќајот на овој дел од континентот, и не е јасно кога ќе се вратат во Италија Дуко Влаховиќ и останатите членови на екипата.

Големите студови и замрзнувањето го отежна враќање во Торино. Оваа ситуација може дополнително да им ја комплицира подготовката за претстојниот дуел во првенството против Каљари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според извори од италијанските медиуми, тимот на Јувентус ја помина ноќта во Норвешка со план да полетаат за Торино денеска на пладне, по локално време, но сега тоа е неизвесно поради снежните и замрзнати услови што утрово се случија во Боде.

Посебна ситуација се јавува на локалниот аеродром, каде што пистата е силно замрзната, поставувајќи прашање дали тимот задолжен за расчистување навреме ќе ги совлада проблемите.

Како што пренесува „Газета спорт”, високите претставници на клубот, Дамијен Комоли и Џорџо Киелини, на денот на натпреварот, биле принудно преземени до Шведска, од каде потоа патувале со автомобил кон Норвешка.

Весникот известува и дека околу 1.000 патници се заглавени на аеродромот, чекајќи нормализирање на летовите.

Среќна околност за Јувентус е што следниот натпревар ги чека в сабота во 18 часот токму во Торино, што значи дека ќе избегнат дополнителниот пат до Сардинија и можните перипетии поврзани со тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сакаше да ја заврши кариерата на 29 години, а сега е во животна форма – седум месеци беше без клуб!

Лорис Кариус беше подготвен да ја заврши фудбалската кариера во 2021 година. По заминување…