Дома Фудбал Несторовски ги шокираше Хрватите, два гола постигнал со – пукнато ребро!

Несторовски ги шокираше Хрватите, два гола постигнал со – пукнато ребро!

Поранешниот репрезентативец Илија Несторовски беше главниот херој во убедливата победа на Славен Белупо над Славен Белупо со 4-1, па сосема заслужено се најде и во идеалниот тим на колото во ХНЛ. Посебно впечатливо е што напаѓачот даде два гола и покрај тоа што играше со напукнато ребро.

Хрватските медиуми со пофални зборови ја истакнаа неговата пожртвуваност, нагласувајќи дека Несторовски ги издржал болките и повторно блеснал. По натпреварот, тој откри и дека играл со пукнато ребро.

„Нема ништо драматично, само мало напукнување на ребро по еден дуел со голманот. Стиснав заби и одиграв, но тоа е помалку важно. Најбитно е што ги освоивме бодовите“, изјави македонскиот напаѓач.

Фудбалерот вели дека атмосферата и формата на тимот се во подем, а уверува дека Славен Белупо може да продолжи во ист ритам.

„Јага конечно почна да погодува, па си реков – време е и јас да дадам некој гол. Секако, на шега. Влеговме храбро и агресивно, и сосема заслужено дојдовме до победа. Ова ни е седми натпревар без пораз, формата ни е стабилна, а овие три бода нè доближија до врвот“, додаде Несторовски.

Оваа сезона тој има 11 настапи во хрватското првенство, на кои запиша три гола и исто толку асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити решен за трансфер на Ензо Фернандез. Челси бара 140 милиони евра

Манчестер Сити сè уште не се откажал од Ензо Фернандез и покрај истекувањето на рокот кој …