
Чаби Алонсо, тренерот на Реал Мадрид, одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар што неговиот тим го игра против Олимпијакос во Грција.
Постојат извештаи од релевантни новинари дека Винисиус одбил да преговара за нов договор со Реал додека не се расчистат недоразбирањата меѓу него и Чаби Алонсо. Бразилецот е незадоволен затоа што често е на клупата, поради што за време на Ел Класико и се скарал со тренерот.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Мора да имате голема почит кон играчите и тимовите и начинот на кој тие се подготвуваат. Не сакам и не можам да зборувам за тоа, но знам дека мора да се справиме со надворешната бучава. Тоа не смее да нè одвлече од фокусот. Мора да знаеме како да ги пребродиме овие моменти. Познаваме последиците од лошите резултати, но тие не смеат да нè оддалечат од патот на кој сакаме да бидеме“, изјави Алонсо.